Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во 1950-те и 1960-те години, во Југославија, музичките издавачки куќи (поточно, главно „Југотон“) одлучија да ги откупат правата за некои американски музички хитови и да ги преведат на некои од југословенските јазици, правејќи одлични „кавер“ верзии на истите.
Знаеме, некој веднаш ќе си помисли дека тоа звучи како навистина лоша идеја, но реално, преведувачите и продуцентите завршиле одлична работа за да ги адаптираат оригиналите на некои од официјалните јазици во федерацијата, дополнително погрижувајќи се да ги ангажираат и најдобрите пејачи во тоа време за да ги отпејат истите.
Ова не значи дека Југославија немала автентична, оригинална и добра музичка сцена. Далеку од тоа. Југословенската музика од тој период и тоа како била позната надвор и подалеку од нејзините граници. Како и да е, ако сте обожаватели на американските музички класици од ’50-те и ’60-те години од минатиот век, вреди да ги чуете овие преработки.