Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Погледот на овие места не носи на едно надреално ниво кое што би можело да биде ниво како би изгледал светот кога нема да постојат повеќе луѓето.
Ви ги претставуваме местата кои нема да ве остават рамнодушни, па погледнете.
Споменик на потопениот град
Легендата вели дека се уште може да се чујат ѕвоната како тажно ѕвонат. Оваа црква е од 14 век, и се наоѓа во северна Италија. А таа е единственото нешто што се гледа од некогаш напредниот град Граун.
Уморениот парк Лондерленд
Замислен како кинески парк кој ќе парира на Дизниленд, огрмониот парк во Пекинг не го доживеал своето отворање. До прекинување на изградбата во 1998 година довеле бројни проблеми со цената на земјиштето.
Станицата која не води никаде
Преубава метро станица сместена под Њујорк, поради локацијата обрнато е многу внимание на нејзиниот изглед. Меѓутоа 1945 година станицата е затворена поради безбедносни причини. Нејзиниот закривен облик претставувал опасност за новите и долги возови. Посети на станицата се дозволени со некои ексклузивни тури.
Драматична филмска сценографија
Бројни грешки во проектирањето довеле до тоа главната станица во Детроид од 1913 година да биде напуштена и затворена во 1988 година. Во меѓувреме таа послужила како сценографија за бројни филмови и музички спотови.
Заборавениот театар
Стариот театар сместен во Нов Бедфорд отворен е 1912 година и по затнорањето во 1959 година служел како магацин и супермаркет. Во последните години непрофитни организации настојуваат за негово обновување.
Мистичната станица
За време на војната помеѓу Грузија и Русија која се одвивала во текот на 1992 и 1993 година, овој регион станал напуштен и изолиран.
Градот на духовите
Мал ителијански град Крако, кој е сместен на врвот на ридовите датира од почетокот на 11 век, меѓутоа од постојаната нестабилност тој е напуштен во 1990 година.
Сибирски рудник
Втората по големина дупка на планетата направена е со човечка рака. Тоа е дијамантскиот рудник сместен во градот Мирни во источен Сибир. Дупката е длабока 525 метри а пречникот и изнесува 1200 метри.
Останати траги
Ова место се наоѓа во Велика Британија, и тоа се делови од некогашни урнатини. Тоа бил дом на богаташите Фолеј и Вард.
Воената болница во која е лечен Хитлер
Голем болнички комплекс изграден во 19 век во Германија. Во оваа болница се опоравувал Адолф Хитлер, после битката во Франција во 1916 година. Поголем дел од оваа билница е напуштен по повлекувањето на Русите во 1995 година.
Градот кој го проголтала пустината
Малата населба во Намбија основана е во почетокот на 20 век од германски доселеници кои трагале по дијаманти.
Напуштена дрвена куќичка во Русија
Оваа преубаво декорирана куќа пронајдена е длабоко во шумата, а нејзината изолираност и помогнало да остане недопрена.