Славни

12 години од смртта на Тоше Проески – Тони Цетински со емотивна порака по тој повод

Дванаесет празни години без нашиот Тоше. Помина точно толку време од оној кобен 16 октомври, кога во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка не напушти нашата музичка ѕвезда, хуман и добар човек каков не сме виделе претходно и после него. Несреќата се случи на 16 октомври 2007 година.

По тој повод, неговиот близок пријател и колега Тони Цетински вчера преку порака на својот Инстаграм и Фејсбук профил ги потсети неговите хрватски фанови кои отпатувале во Крушево, каде е погребан Тоше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tony Cetinski⭐️ (@tonicetinski) on

„Секоја година неумоливо доаѓа тој ден, тоа утро како нешто што не сакаме да го знаеме, слушаме или чувствуваме, но доаѓа немилосрдно и не потсетува колку сме кревки и колку никогаш не знаеме што носи наредниот ден.

Многу е тешко, веќе дванаесет години да се прифати дека не си тука. Нашата единствена надеж е дека беше и остана ангел во човечка форма и дека тие постојат и секогаш остануваат покрај нас.Сакам да кажам и да повторам дека навистина беше посебен. Благодарение на тебе, твоето однесување, скромноста, товите постапки, сигурен сум дека ангелите се тука со нас во човечка форма. Беше еден од оние луѓе што ја обновува вербата во човештвото, во ангелите кои одат по земјата. Можеше да имаш многу повеќе овде на земјата, но ние ќе го надоместиме тоа откако ќе се сретнеме во вселената.

Драг Тоше, те сакаме до последен здив. Засекогаш мојот брат“ – напиша Тони во емотивната објава . Тој на Инстаграм објави фотографија од Тоше, а на Фејсбук ја споделил неговата песна ,,Игра без граници ’.

Advertisements
To Top