12,5 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето во македонските општини


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Обезбедени се 12,5 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето во повеќе општини во Македонија, соопштија од Министерството за транспорт и врски по средбата на министерот Горан Сугарески со претставници од КФВ банката. Од нив, 9,5 милиони се грант односно неповратни средства.

Како што објавија од министерството, добиени се пет милиони вра грант односно неповратни средства за Кавадарци и Гевгелија.

Исто така обезбедени се 3 милиони евра, заем од КФВ банката за водоснабдувањето во Кавадарци и Радовиш како и грант од 4,5 милиони евра од програмата на СЕКО Швајцарија за подобрување на водоснабдувањето во општина Гостивар.