116 години затвор за славната професионална „гејмерка“ shAy


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бившата бразилска ѕвезда и „инфлуенсерка“ од социјалните мрежи и славна „гејмерка“ Шајене Викторио, јавно попозната како shAy, беше осудена на 116 години затвор заради „сајбер“ измама, пренесува престижниот Business Insider.

Додека се занимавала со играње игри, работела со интернет-продавница која ги користела нејзиното име и лице за да ги продава своите производи, а клиентите никогаш не ги добиле нарачаните производи за кои платиле.

Шајене била една од најдобрите играчи на „Кантер Страјк“ и веќе 11 години игра професионално, од 2008 до минатата година. Кога се повлече од гејмерскиот свет, стана инфлуенсерка на социјалните мрежи.

Шајене објави жалба на пресудата и најави повлекување од социјалните медиуми на некое време. Изјавила дека нејзиниот поранешен партнер е виновен за сè и истакна дека презел целосна одговорност.

“Не сум уапсена и нема да бидам уапсена. Уште помалку сум бегалец. Ова е проблем што го решаваме”, напиша таа во објавата на Инстаграм.

Во Бразил максималната казна е 30 години, а голема е веројатноста дека поранешната гејмерка воопшто нема да заврши зад решетки. Сето тоа може да заврши со помилување. Единицата за организиран криминал во Бразил започна истрага за случајот минатата година, кога Шајнен ја заврши гејмерската кариера. Интернет-измамата опфатила 118 корисници , а нејзиниот адвокат истакна дека 10 000 трансакции биле успешно завршени и дека Шајнен всушност била жртва на интернет и на медиумите.