113 години исчезнат брод од руската царска флота пронајден во Јапонското Море


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Остатоците од сто и тринаесет години исчезнатиот брод од руската царска флота „Дмитри Донској“, кој учествувал во руско-јапонската војна од 1904 до 1905 година беа пронајдени на дното од Јапонското Море.

Остатоците се најдени на морското дно од Јапонското Море, крај брегот на јужнокорејскиот источен остров Улеунг, пренесуваат руските агенции.

„Ги најдовме остатоците на бродот „Дмитриј Донској“ на длабочина од 434 метри во морето, 1,3 километри од островот Улеунг“, соопшти групата Шинил, која со години трага по бродот. Компанијата наведе дека името на бродот „Димтриј Донској“ е напишано на задниот дел на бродот.

„Донској“ претпрел бројни оштетувања од гранати за време на борбата со јапонските воени бродови, но палубата е добро зачувана, соопшти Шинил, додавајќи дека се очекува остатоците да бидат извлечени од Јапонското Море во блиска иднина.

„Донској“ учествувал во битката кај Цушима и, и покрај поприличните оштетувања, се борел до крајот, по што тргнал кон Владивосток, но наишол на јапонски воени бродови кои трагале по остатоците од руската царска флота.

Не сакајќи да се предаде, екипажот на рускиот брод решил да остане до потонувањето, што се случило на 29 мај 1905 година.