Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Двајца државјани на земја на ЗНД извршија терористички напад за време на обука на воен полигон во Белгородската област, во кој загинаа 11 лица, а уште 15 се ранети, соопшти во саботата руското Министерство за одбрана за новинарите, пренесе Тасс.
„На 15 октомври, двајца државјани на земја на ЗНД извршија терористички напад на полигонот за обука на Западниот воен округ во регионот Белгород“, соопшти Министерството.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека терористи отвориле оган со мало оружје кон воениот персонал на единицата за време на обука за гаѓање, на која присуствувале лица кои биле подготвени да учествуваат во специјалната воена операција.
„Како резултат на пукањето, единаесет лица беа смртно ранети. Други 15 лица се здобија со различни рани и беа пренесени во медицинска установа, каде што им е пружена потребната помош“, соопшти Министерството, додавајќи дека и двајцата терористи биле убиени во возвратен оган.
Нема загинати цивили во нападот на воената база во руската област Белгород, но многу војници се убиени или ранети, изјави рано утринава гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.
Страшен настан се случи на наша територија, на територијата на нашата воена база“, рече Гладков во видео објавено на апликацијата Телеграм.
„Многу војници беа убиени и ранети… Меѓу ранетите и убиените нема жители на регионот Белгород“, додаде тој.