Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најголемиот и најпознат саем за гејмерска индустрија во Источна Европа продолжува со својата атрактивност за интернационалните и локалните компании од областа на гејмерството и забавната индустрија, поврзувајќи ги и создавајќи успешни мрежи и бизнис конекции.
За време на 11-тото издание на овој саем, кој ќе се одржи на 21 и 22 ноември во Интер Експо Центарот во Софија, Бугарија, BEGE ја продолжува својата мисија за поддршка на развојни бизнис идеи во регионот како технолошко јадро, опфаќајќи ги сите трендови во споменатата индустрија и постојано изненадувајќи ги своите посетители со нови активности.
Меѓу бројните големи имиња од областа на гејмерството и забавната индустрија кои традиционално се дел од BEGE се: Novomatic, Ainswort, Casino Technology, EGT, Suzohapp, BetConstruct, Interblock, Merkur Gaming, APEX, Alfastreet Trade BG, IGT, Zitro и други. Новите гејмерски ентитети, кои беа инспирирани да ја збогатат мисијата на BEGE со нови напредни вредности се: Betegy, Efes Club, Jeton Wallet, Zeta Gaming, Altenar, Pragmatic Solutions and Wojskowe Zaklady Lacznosci Nr., G-Digital, DLV, Indoor Displays, Digitain.
Оваа година нема никакви измени во поглед на определбата и заложбите на BEGE за акцентирано внимание на „старт-ап“ бизнисите кои оперираат во доменот на оваа индустрија. „Старт-ап“ компаниите се срдечно очекувани да аплицираат за Gaming Startup Challenge-3.0 на сајтот каде можат да се најдат подетални информации за иницијативата.
„Зоната за иновации“ која беше претставена и промовирана на ланскиот саем ќе биде присутна и оваа година, пренесувајќи ја гејмерската иднина во Интер Експо Центарот во Софија. Докажано успешна, „Sales Pitch Zone“ на секој ќе му овозможи простор да ги презентира своите производи и портфолио преку кратка, 15-минутна презентација и ќе ја зголеми покриеноста на нивните маркетиншко-пропагандни пораки, бидејќи веруваат дека „доволен е еден глас, на вистинското место и во вистинско време, за да предизвика лавина“. Сите заинтересирани за учество во овие две зони слободно можат да се обратат на контактот [email protected].
Регистрацијата за BEGE 2018 е отворена. Сите заинтересирани нека се подготват за дводневно патување во иднината на гејмерските технологии.
За повеќе информации, посетете ги следните сајтови:
balkangamingexpo.com
www.eegamingsummit.com (за EEGS – гејмерска конференција за Источна Европа)
За подетални и дополнителни информации:
Христина Петкова
PR & Marketing Coordinator
E-mail: [email protected]
Phone: +359 2 812 9 482