11 реченици кои сопругот не се осмелува да ви ги каже


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бракот по дефиниција е сојуз изграден врз основа на искреност, но во реалноста не постои брак без тајни. Можеби годините поминати заедно ве наведуваат да мислите дека сте си кажале сè и дека во секој момент знаете што мисли вашиот сопруг, но постојат одредени теми кои вашиот сакан најверојатно се плаши да ги допре.

“Те молам барем понекогаш преземи иницијатива за секс.“ – Мажите го обожаваат сексот. Тие не се воздржуваат и секогаш се подготвени да преземат иницијатива, но не и кога ќе наидат на ѕид од изговори како „Ме боли главата“ или „Уморна сум“. Најмногу што мразат е да се чувствуваат како да се принудени да молат за секс. Од друга страна, за нив делува како афродизијак поканата за секс од страна на сопругата, но ретко се решаваат тоа да го споделат.

“И јас се плашам дека нема да бидам добар татко.“ – Мажите сакаат да се покажат како силни личности кои не се плашат од ништо, но и тие имаат свои стравови. „Дали ќе заработам доволно пари за цело семејство?“, „Дали ќе можам да го вратам детето на вистинскиот пат кога тоа ќе „залута“ во животот?“, „Дали ќе го изберам вистинскиот метод на воспитување?“… Родителството е целосно непознато искуство, па нормално е да биде проследено со стравови. Сепак, најверојатно сите тие стравови ќе останат длабоко во вашиот партнер и никогаш нема да стигнат до вашите уши.

„Не знам да читам мисли, па отворено кажи зошто си несреќна.“ – Мажите немаат кристална топка која недвосмислено ќе им каже зошто седите со намуртено лице и скрстени раце, а тишината ретко ги принудува да изигруваат детективи со цел да откријат што ја краде вашата насмевка.Тие очекуваат дека како зрела личност вие ќе прозборите штом ќе решите дека дошол вистинскиот момент, па мудро чекаат на вашиот потег.

„Често велам ИЗВИНИ за да ставам крај на разговорот.“ – Жените можат да се караат со часови, дури и за банални проблеми, додека мажите по секоја цена се трудат да ги избегнат вербалните брачни војни. Со цел да ги прекинат кавгите кои би можеле да траат со часови, па и со денови, мажите често избираат да кажат „Извини“ само и само за да ја замолчат сопругата и да ја смират атмосферата.

„Мразам кога се шегуваш на моја сметка пред моите пријатели.“ – Мажите како мажи не сакаат никој да им го допира егото. Можеби вам ви е интересно во друштво закачливо да коментирате дека тој воопшто не е романтичен или дека смислата за хумор му е како на мало дете, или пак, да си правите шеги за вашиот сексуален живот и неговата машкост, но сето тоа не звучи ниту малку смешно во неговата глава. Колку и да му пречи, тој може никогаш да не ви го признае тоа.

„Не сакам да ги посетувам твоите родители секоја недела.“ – Не можете да го обвините партнерот што сака малкуте слободни денови да ги помине релаксирано без да слуша за шокантните настани во турските серии или за начините на приготвување на јадењата од вашата мајка. Се разбира дека вие ги сакате своите родители и сакате да ги минувате неделите со нив, но можеби вашиот сопруг претпочита неделното попладне да го помине пред ТВ, со своите пријатели или пак со вас и децата во најблискиот парк.

„Понекогаш фудбалскиот натпревар навистина е поважен од разговорот со тебе.“ Жените сакаат да зборуваат. Тие не се раководат од ТВ програмата кога започнуваат разговор, па често се случува да изберат „клучен“ момент од животот на сопругот, како фудбалскиот натпревар меѓу омилениот тим и вечниот ривал. Зјапањето во ТВ приемникот треба да ви биде доволен знак дека тој не слуша ниту збор од она што вие толку возбудено го раскажувате. Ако разговорот не е за нешто сериозно и неодложно, повлечете се тивко и не ни помислувајте да започнете расправија од типот „Зарем натпреварот е поважен од нашиот разговор?“, затоа што одговорот во неговата глава секогаш ќе биде ДА, колку и да се обидува да ве убеди во спротивното.

„Да, изгледаш дебело во тие панталони.“ – Кога една жена ќе го постави прашањето „Дали изгледам дебело во…?“, таа не ја очекува вистината. Затоа, мажите никогаш и не се осмелуваат да ја кажат.

„Драга, многу те сакам, но мислам дека треба да поработиш на изгледот.“ – Повеќето жени подзабораваат на својот изглед по долги години брачен живот. Одржувањето на нормална тежина станува потешко и тие креваат раце со помислата „Ех, сега не може да изгледам како кога бев млада“. Никој не ни очекува да изгледате како кога сте имале 30 години, но не треба ниту да се откажувате од идејата да изгледате најдобро што може. Мажите се визуелни суштества, но се плашат да ја отворат темата „подобар надворешен изглед“.

„Би сакал да бидеш попалава во спалната и повеќе да експериментираме во сексот“ – Мажите го избегнуваат ова признание единствено за да не ја навредат својата сопруга и да не згазнат врз нејзината сексуална самодоверба. Многумина решаваат дека е подобро да молчат, отколку да ризикуваат со барањата за попикантен сексуален живот.

„Честопати глумам дека сум заинтересиран, но одлетувам додека зборуваш“ – Не очекувајте вашиот сопруг да биде заинтересиран и љубопитно да слуша кога почнувате разговори како „Сопругот на колешката планира да започне свој бизнис“.„Има огромна распродажба…“, „Морам да ти кажам што направи денес Марија“или „Што ли да зготвам за ручек утре?“. Можеби тој ќе кима со главата или ќе изговара „Аха“, но веројатноста дека не слуша ниту збор од вашите монолози е огромна. Со цел да не ве навреди, тој ќе глуми внимателен слушател, но не очекувајте негова активна вклученост во разговорот.

Симона Златановска

Студент на Институтот за семејни студии

Филозофски факултет