11 најфотогенични места во Европа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Годишните одмори се во полн ек, но има многу луѓе кои уште немаат дефинирана инспирација и мотивација за кое место конкретно да се одлучат да го посетат и каков годишен одмор да испланираат.

Во тој контекст, посебно за они кои сакаат живописни фотки на своите Инстаграм и Фејсбук профили, The Discoverer направи скратена листа на 11 најживописни места во Европа на кои фантастичните фотки ви се загарантирани.

1. Венеција, Италија

A post shared by Marco Gaggio (@neumarc) on

Град со прекрасна архитектура и богата историја. Нуди недоброј фантастнични сцени и позадини за прекрасни фотографии. Најдобро би било да тргнете од помалку познатите локации, како „Мостот на воздишките“. Легендата вели дека секој љубовен пар кој заедно ќе го премине мостот, ќе имаат љубов која ќе трае засекогаш.

2. Швајцарски Алпи

A post shared by Katrine (@katrine.voss) on

Планински врвови прекриени со снег и зелени падини, пасишта и долини. Швајцарија не е далеку.

3. Санторини, Грција

Без оглед на тоа дали некогаш сте го посетиле овој остров или не, шансите да знаете како изгледа се огромни. Толку фотографии се објавени од ова егзотично грчко место, што нема шанси да не сте виделе ниту една. Посебно од симпатичните бело-сини куќарки.

4. Ватикан, Рим, Италија

Едно од најграндиозните и најголеми архитектонски чуда и најмалата држава на светот нудат голем број фотографски прилики. Не можете и не смеете да ги заобиколите Систинската капела и базиликата „Свети Петар“. Камерата секогаш нека ви биде „на готовс“.

5. Бриж, Белгија

A post shared by Travel (@places) on

Прекрасен средновековен град. Со своите поплочени улици и питорескни канали, Бриж е едно од најфотогеничните места на светот. Додека фотографирате, не заборавајте да се почестите и со вкусно белгиско чоколадо.

6. Алхамбра, Гранада, Шпанија

A post shared by Antonino Di Palma (@antodpl) on

Восхитувачки комплекс од ѕидини со кои е опкружен градот, а кои се честа позадина на впечатливи и импресивни фотографии.

7. Катедралата Свети Василиј, Москва

Ја изнагледавме на Инстаграм од милиони корисници за време на Светското првенство во Русија. Изградена во 16. век, се наоѓа недалеку од Кремљ и изгледа како да е излезена од некоја колоритна и живописна бајка. Легендата вели дека архитектот кој ја изградил бил ослепен за никогаш да не проектира некоја друга градба која би ја намалила нејзината убавина.

8. Музејот Лувр, Париз, Франција

A post shared by Nicole Isaacs (@nicoleisaacs) on

Со повеќе од 35.000 уметнички дела, Лувр е вистинско место да им покажите на вашите Инстаграм пријатели колку ја сакате културата и уметноста. Освен Мона Лиза и Венера од Милос, и пирамидите пред музејот се фасцинантни мотиви за совршена фотка.

9. Единбург, Шкотска

Фантазија од пејзажи и прекрасни места како хотелот Balmoral или Greyfriars Kirkyard.

10. Колосеумот, Рим, Италија

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara) on

Една од најпопуларните туристички дестинации и атракции на оваа листа. Не е никакво чудо што често се гледа на Инстаграм. Иако две третини од колосеумот е уништен, неговата импресивна структура и понатаму го запира здивот на патниците и туристите од сите краишта на светот.

11. Ле Мон-Сен Мишел, Нормандија, Франција

Спој на романтика и фантазија познат како „Чудото на западот“.