Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако било удрено од автомобил, 11-годишно девојче од Битола вчера околу 20:00 часот било пренесено во Клиничката болница во Битола, информираа од полицијата.
„На крстосница од улиците „Билбил камен“ и „Кирил Вангелов“ во Битола, М.А.(24) од Битола, управувајќи патничко возило „Форд ескорт“, удрил во велосипед управуван од 11-годишно девојче од Битола, кое било пренесено во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола“, соопштија од МВР.