Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Владата на Јапонија ќе одвои вкупно 1,6 милијарди јени (11,4 милиони долари) за државниот погреб на поранешниот премиер Шинѕо Абе кој беше убиен во атентат.
Портпаролот на јапонската Влада, Хитоказу Матсуно истакна дека 800 милиони јени (околу 5,6 милиони долари) се наменети за безбедноста, а 600 милиони јени (приближно 3,5 милиони долари) за странските делегации.
Претходно, Владата на премиерот Фумио Кишида изјави дека државниот погреб на Абе, што ќе се одржи на 27 септември, ќе ја чини државата 249 милиони јени (околу 1,7 милиони долари).
Абе беше убиен на 8 јули за време на предизборен митинг. Приватниот погреб на Абе беше на 11 јули.