Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера во Вухан, кинескиот град за кој се верува дека е регистриран првиот случај на коронавирусот, се одржа музички фестивал на кој присуствуваа 11.000 луѓе.
На висока температура на првиот ден од мај, Меѓународниот ден на трудот, кој во Кина масовно се слави, луѓето танцуваа, скокаа и воодушевуваа викаа додека некои од нивните омилени музичари излегуваа на сцената, пренесуваа локалните медиуми.
Дводневниот фестивалот се врати во Вухан по едногодишна пауза поради пандемијата на Ковид-19, а организаторите изјавија дека публиката е ограничена, додавајќи дека присуствувале 11.000 луѓе.
Некои од гледачите носеа маски, но многумина не, јавија медиумите.
На дводневниот настан настапуваат познати и помалку познати локални пејачи и бендови на три сцени во Вухан Гарден Експо паркот.
„Строубери Мјузик фестивал”се одржува и во други кинески градови, вклучително и во Пекинг, за време на националниот празник.