Вебкафе

102-годишна старица уапсена за тотално луда причина

102-годишната Еди Симс ги стави рацете во лисици на нејзина сопствена иницијатива, откако изрази желба да биде уапсена.

Таа никогаш во животот немала проблеми со полицијата, па апсењето од полициска патрола го ставила на нејзината “To Do” листа, сакајќи да види и почувствува како е да се биде уапсен. Полицијата немаше проблем да  ја исполни оваа нејзина желба.

Ги ставија нејзините раце во лисици, ја пикнаа на задното седиште од полицискиот автомобил, а таква во лисици ја приведоа и во полициската станица.

„Баш уживав со рацете во лисици и останатите работи од апсењето“, вели старицата со воодушевување.

Можела барем да направи некој ситен прекршок колку да има и причина да ја апсат, без да ја теретат со казна затвор или некоја парична казна. Пуста желба во животот да се проба сè, па и ова. 😀

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top