Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европската Унија ќе испрати мисија од 100 набљудувачи за следење на предвремените парламентарни избори во Косово, што ќе се одржат 11 јуни, јави дописникот на МИА.
Испраќањето на мисијата е овзоможено откако косовската Централна изборна комисија едногласно го усвои Меморандумот за соработка со ЕУ за следење на изборите.
Од шефот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова, добив потврда дека ЕУ ќе испрати 100 набљудувачи на изборите. Најверојатно, тие во Косово ќе пристигнат во сабота, но прво требаше да го одобриме меморандум за разбирање со ЕУ, за да може мисијата да започне со следење на изборниот процес, изјави претседателката на Комисијата, Валдете Дака за електронското издание на приштинскиот весник Експрес.