Advertisements
Авто мото

100 км/час за 2,5 секунди – овој е најмоќниот Ferrari на сите времиња

Автомобилскиот гигант Ferrari вчера го промовираше долго најавуваниот и со нетрпение очекуван „ѕвер“ со хибриден погон и импресивно моќни спецификации и перформанси.

Ferrari SF90 Stradale, новата машина која излезе од производствениот погон на луксузниот бренд во моментов е најсилен болид на сите времиња. Има хибриден мотор, но и мал бензински мотор, што може да се полни како плаг-ин хибрид со погон на сите четири тркала.

Има дури 735 кW и со 1.000 коњски сили е најсилниот болид во историјата што ќе се вози по патишта. SF90 Stradale има три електромотори, еден позади и два напред, од кои добива 220 Кс, што се надополнуваат на оние 780 од 4.0 турбо бензинецот.

Опремен е со осумстепен менувач со две спојки. Достигнува од 0-100км/час за само 2,5 секунди, до 200 км/час за 6,7 секунди и не застанува до максималната брзина од 340 км/час. Може да вози само на електричен погон 25 километри со максимална брзиона од 135км/час.

Ентериерот е целосно дигитализиран со 16- инчен екран и табла како на Формула 1. Овој технолошки најнапреден Ферари се уште нема цена.

Секако ќе биде со шест цифри , а споствениците во пакет добуиваат и одржување во наредните седум години. Првите испораки ќе почнат до крајот на годинава , а се очекува цена од околу 800.000 евра.

Advertisements

Најпопуларно

To Top