Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Играм во Моцарт бидејќи се најдобри. Постојано играм во обложувалници, а ова е мојата најголема добивка досега. Најчесто играм со по 100 денари“, ни откри Владомир Ристески, а тој е среќникот што погоди 20 натпревари на уплатеното ливче.
Кој игра, тој има шасни да добие. Ова е мотото на Владимир Ристески од Прилеп, барем кога се работи за играњето во обложувалница. Изминатиов викенд, Ристески имаше многу причина за радост. Toj е добитник на неверојатни 2.567.111 денари, благодарение на тикетот уплатен во обложувалницата „Моцарт“. Сумата од дури 40.000 евра, Владимир ја добил благодарение на уплатени само 100 денари.
„Играм во Моцарт, затоа што се најдобри. Таму лимитот за најголема исплата е најголем. Постојано играм уште од времето кога прв пат се појавија обложувалниците кај нас. Најчесто тоа се тикети со по 100 денари, како што беше и тој што го погодив во саботата. Строго играм само на фудбалски мечеви, а на тикетот кој ми донесе најмногу радост имав уплатено 20 пара“, ни открива 35-годишниот Владимир.
На добитното ливче има мечеви од повеќе европски лиги кои се играле во петокот и саботата. Интересно е тоа што во саботата, во исто време му се играле дури 8 натпревари, сите од 16 часот. За сите 20 натпревари било исто. требало да има 1 до 2 гола во првото полувреме.
„Не практикувам да чекам еден меч како последен. Во саботата од 16 часот ми се играа последните 8 меча. Веќе до 20 минута на сите имаше по еден гол и тоа беше доволно, бидејќи барав да има 1-2 гола во првото полувреме. До 40 минута на три средби паднаа уште по еден гол и последните неколку минути се тресев да не дадат и трет гол на тие дуели. За моја среќа тоа не се случи и ливчето е добитно“, ги објаснува најстресните моменти во својата обложувачка кариера, Владимир, кој работи во мермерниот комбинат во Прилеп.
Ова е убедливо најголемата добивка која досега ја има добиено Владимир, но не планира да застане тука.
„Пред два месеци бркав да го добијам џипот кој го даваа во „Моцарт“, но не успеав. Сепак сега со оваа добивка ќе има пари и за џип. Во „Моцарт“ е одлично тоа што има големи бонуси. На тикетот бонусот беше 150 отсто, па затоа само од бонусот добив 1,7 милиони денари. Ова е најголемата добивка која ја имам освоено. Претходно најмногу имам фатено 60.000 денари. Продолжувам да играм во „Моцарт“ и се надевам на нови добивки“, вели Владимир, кој на крајот им порача на сите да играат во „Моцарт“, бидејќи никогаш не се знае кога ќе се насмее среќата, бидејќи старото правило вели дека „Тој што игра – добива, тој што не игра не може да добие“.
За потсетување, обложувалница Моцарт нуди добивка и до 5 милиони денари на тикети кои имаат до 29 парови, а за тикети над 30 парови, добивката може да достигне и до неверојатни 10 милиони денари. Зависно од бројот на парови, бонусот достигнува и до 1000 проценти, пишува Спортмедиа.мк