100.000 вакцини од Фајзер пристигнуваат утре, 500.000 од Синовак во недела


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Македонија утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот најави министерот за здравтство Филипче.

Во недела со два авиони по 250 илјади дози ќе пристигне пратката од 500 илјади Кинески вкацини, за кои што министерот вели дека веќе на почеток од следната денела ќе бидат пуштени во употреба.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица или граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. До сега се имунизирани една третина од наставниот кадар, а до крај не летово е планирано да се имунизираат и останатите наставници, за евентуалниот почеток на учебната година од 1 септемрви.

Министерот за здравство информираше дека во следниот период следува забрзано темпо на вакцинација, откако се покажало дека вакцините штитат и од индискиот сој на коронавирусот. Како што вели имало случаи во некои земји каде и вакцинирани се заразиле со индискиот сој, но во огромен процент минале со лесна клиничка слика и без хоспитализација.