Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во полугодишниот извештај кој се однесува на периодот од септември 2017 до март 2018 година, се наведува дека СЈО заело 136 предистражни постапки, а отворени се и 7 нови истражни постапки, додека целосно се одобрени 15 обвиненија.
„Во текот на извештајниот период беа преземени голем број на дејствија во рамки на отворените предистражни постапки што се однесуваат на незаконското следење на комуникациите, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреби при јавните набавки, перење пари, разни коруптивни дејствија…“, стои во извештајот.
Во истиот период, СЈО отворило 7 нови истражни постапки против вкупно 17 физички лица.
„Ова Јавно обвинителство исто така е во процес на анализирање на повеќе од 100.000 аудио-фајлови кои се прибавени при спроведени претреси кај неколку лица и во тек е утврдување дали и во колкав број овие аудио фајлови претставуваат предмет на незаконското следење на комуникациите“, се истакнува во најновиот извештај на СЈО.