Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Водата во загадената Каменичка река е уште сива и матна поради излевањето на јаловината од новото рударско езеро, каде што се одлага отпадната вода при производството на оловоцинковиот концентрат во погонот флотација.
Каменичка река во должина од девет километри е мртва река, спортските риболовци вчера проценија дека од новото хидројаловиште истекле 3.000 метри кубни јаловина, а оваа нивна проценка денеска се потврди и во соопштението на Државниот инспекторат за животна средина, пренесува Телма.
„Овој материјал разлеан со вода од реката каменица довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. Кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба“, соопштија од државниот инспекторат за животна средина.
По вчерашниот еколошки инцидент рудникот Саса ќе плати казна. Од страна на Водостопански инспектор понуден им е Записник за започнување на постапка за спогодување за Прекршоци од трета категорија, а максималната казна изнесува 100.000 евра и 10.000 евра за одговорното лице. Раководството на Саса го потпишале записникот, со што почнува и постапката за спогодба преку Комисијата на ресорното министерство. Внатрешната истрага, но и истрагата на Државниот рударски инспекторат треба да покаже зошто попуштил насипот на најновото јаловиште што во употреба беше пуштено во април годинава, а во него се вложени шест милиони евра. Локалната власт вчера најави дека е постигнат договор со Саса за чистење на Каменичка река од јаловината.