10 здравствени проблеми кои можете да ги решите со ракија

ракија

Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На нашите „тврдокорни“ простори, на „брдовитом Балкану“, ракијата, освен како пијалок за расположение и често претерување со мезето, се користи и како лек за многу болести и тегоби.

Верувањата и приказните за лековитите својства на ракијата се пренесуваат од колено на колено, но со оглед на процентот на алкохол кој овој алкохолен пијалок го содржи во себе, треба да се внимава со нејзината употреба.

За кратко време ракијата може да ни помогне кај одредени здравствени проблеми и тегоби. Во многу случаи е подобра опција од вештачките лекови, бидејќи, за разлика од нив, таа содржи само природни состојки. Еве во какви ситуации може да ви помогне оваа пијачка.

1. Болка во желудникот

Доколку сте се прејале мрсна храна, па ве мачи и боли желудникот, мала чашка сливова или лозова ракија, или пак треварица, вендаш ќе ви го смири непријатното чувство во желудникот.

ракија

2. Ракија против забоболка

Голтка ракија држете ја десетина секунди на болниот заб, прожабуркајте и потоа плукнете ја. Повторете ја оваа постапка неколку пати со паузи, за ракијата да не го надразне премногу болното место.

3. Воспаление на грлото

Доколку воспалението е предизвикано од бактериска инфекција, ракија со неколку капки прополис успешно ќе го дезинфицира болното грло. Дополнително, можат да ви помогне и билниот чај со две-три лажички ракија.

4. Масажа со ракија против болки во грбот

Истријте го болното место со малку ракија, па повторете ја таа постапка после неколку часа. Комовицата е одлична за оваа намена, но можете да искористите било каква друга ракија ако немате комовица.

ракија

5. Вкочанет врат

Постапката е иста како и кај болниот грб.

ракија

6. Ревматски болки

Кај заболените од артритис, масажата со ракија ги ублажува болките во зглобовите.

7. Ракија за ублажување на отоци

Ракијата ја лади кожата, па поволно деува кај отечените места. Сè што треба да направите е да ја втриете во кожата или да ставите облоги со ракија. За премногу да не ја надразните кожата, после неколку секунди тргнете ги облогите, па повторно вратете ги и така наизменично некое време.

8. Лоша циркулација

Ракијата ја подобрува циркулацијата. Затоа, не се чудета ако ги видите вашите баби и дедовци како наутро, на празен стомак, пијат по едно чаше ракија.

9. Уролошки проблеми

Ракијата со магдонос е добар сојузник во борба против бактериските инфекци на уринарниот тракт.

10. Лошење за време на возењето

Тука мора да потенцираме дека овој совет НЕ ВАЖИ за малолетните (како и некои погоре кои подразбираат консумирање на ракијата), како ни за лицата кои управуваат со возило.

На крајот, нужно е да се додаде дека ракијата трајно не ги решава проблемите. Затоа, откако ќе ви поминат маките, најдобор е да се консултирате со лекар кој детално ќе ве прегледа и ќе ви даде понатамошни инструкции.