Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На нашите простори ракијата се користи како лек за многу болести и тегоби. Приказните за лековитост на ракијата се пренесуваат од колено на колено, но поради процентот на алкохол кој го содржи, треба да се биде внимателен со нејзината употреба.
За кратко време ракијата може да ни помогне кај одредени здравствени тегоби. Таа е подобра од лековите, затоа што е природен лек. Доколку ве мачи нешто од наведените тегоби, чаше ракија би можело да помогне. Но сепак треба да се внимава поради тоа што таа е алкохол.
Болка во желудникот
Доколку сте се прејадиле мрсна храна и ве мачи болка во желудникот, мала чаша ракија би требало да го смири „немирниот“ желудник.
Забоболка
Треба да голтнете ракија, и да ја држите десетина секунди на болното место, и на крај исплукајте ја. Повторете ја постапката неколку пати.
Воспаление на грло
Доколку воспалението е предизвикано од бактериска инфекција, неколку капки ракија ќе завршат работа. Ракија со неколку капки прополис, успешно го дезинфицираат грлото, а може да ви помогне и чај со неколку лажици ракија.
Болка во грбот
Тријајте го болното место на вкочанетиот грб, оваа постапка повторете ја неколку пати. Ракијата би требало барем малку да го опушти вкочанетиот грб.
Вкочанет врат
Иста постапка како и кај болките во грбот.
Реума
Кај заболените од артритис масажата со ракија ќе ја ублажи болката во зглобовите.
Оток
Ракијата ја лади кожата, па поволно делува кај отоци. Се што треба да направите е да се масирате со неа или да ставите облог од ракија. За да не ја надразните кожата, постапката правете ја интервално.
Лоша циркулација
Ракијата ја подобрува циркулацијата затоа не е ни чудно што бабите и дедовците ја пијат наутро на празен стомак.
Уролошки проблеми
Ракијата е добар сојузник во борба против инфекциите на урогениталниот тракт.
Мачнина за време на возење
Ова не треба да го применуваат малолетни лица, ниту пак оние кои возат.