10 тајни кои казината не сакаат да ги знаете, а поради кои се трошат сè повеќе пари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Блескави неонски светла, прекрасни луѓе кои ви се смешкаат, луксузен стил на живот, брзи пари – сите овие работи се поврзани со казината и нивната атмосфера. Но, дали навистина е сè така блескаво? Сигурни сме дека постојат некои факти кои не сте ги знаеле за коцакарниците и како тие ве охрабруваат и мотивираат да трошите повеќе пари.

Сјајот и динамичната музика поттикнуваат побрзо да играте

Дали некогаш сте се запрашале зошто во сите казина постојат неброено многу сјајни светилки и привлечни детали? Па, ова е само еден од многуте трикови кои казината ги користат за да ве мотивираат да трошите што повеќе пари таму. Психолозите велат дека црвените светла и брзата музика ги тераат коцкарите да носат брзи одлуки и да трошат повеќе пари.

Колку повеќе луѓе на масата, толку побавна игра

Професионалните коцкари, изненадувачки, одлучуваат да играат на полни маси. И имаат неколку причини за тоа. Пред сè, повеќе луѓе на масата значи побавна динамика на играта со повеќе време за размислување. Освен тоа, наградите за добредојде (бесплатни пијачки, на пример) обично се поврзани со износот кој играчот го троши во казиното.

Обезбедувањето е насекаде

Дали некојгаш сте гледале филм со грабеж на казино? Сигурно сте гледале барем еден таков и сте забележале дека обезбедувањето секогаш е насекаде низ големите казина. И со тоа не мислиме само на набилданите момци на влезот и низ огромната просторија, туку и на безбедносните камери, системите за препознавање на лица кои веднаш ве идентификуваат кои сте, вашиот финансиски статус и дали сте поврзани со било кој во друго казино, во било кое време.

Со поголеми жетони повеќе губите

Казината ве поттикнуваат да земете поголеми жетони наместо помали. Тоа е поврзано со психологијата. Поголемите жетони ја олеснуваат потрошувачката на пари бидејќи побрзо ќе фрлите еден жетон од 25 долари/евра отколку да броите помали од пет долари/евра.

Без часовници и прозорци

Лесно е да загубите чувство за време кога сте во казино. Една од причините за тоа е што никаде нема часовник или прозорец, кои ќе ве ориентираат колку време сте поминале таму. Играта буквално ве носи и голта, а престојот во казиното станува подолг од планираниот. Со тоа и трошењето на пари.

Не играјте кено

Шансите за победа во кено се апсолутно никакви. Подобро да ги донирате парите, отколку да ги трошите на таа игра. Но, ако играте кено, имајте на ум дека буквално ги фрлате своите пари во воздух. Сериозно, никој никогаш не можел да ги погоди сите 20 броја на ливчето. Поголеми шанси имате да видите еднорог, отколку да победите на кено.

…ниту рулет

Големото сјајно тркало во центарот на коцкарниците секогаш изгледа привлечно и ги искушува луѓето да си ја пробаат среќата. Рулетот обично стои во најголемиот простор од казиното. Но, изгледите за победа се стварно мали (иако нешто поголеми од оние во кено). Помалите апарати во попериферните делови од казината се подобар избор за пробување на среќата.

Амбиентот е клучот

Како сите овие трикови лесно поминуваат кај вас? Едноставно. Казиното ви дава чувство дека сте добро згрижени. Пријатна музика, многу светла, чувство на удобност. Убав мебел, дури и теписите се внимателно одбрани. Сето тоа човека го става во состојба на транс.

Локација, локација, локација

Дали сте забележале дека, ако треба да одите во тоалет или на каса да купите уште жетони, треба да поминете низ многу редови со заводливи и примамливи автомати и маси? Трикот за лоцирањето на сите услуги на најслабите места ви овозможува да запирате и да потрошите повеќе пари било каде и да се упатите во рамки на казиното.

Повремени добивки

Ништо не ви дава толку надеж како среќното лице покрај вас. „Ако може да добие тој, можам и јас“, си мислите. Тоа е најголемиот трик во целата приказна. За жал, ризикот за губење е доста висок, а шансата за добивка е толку мала што би требало да се запрашате дали вреди да си ја пробате среќата.