Home Вебкафе 10 неверојатни, но вистинити факти за среќата

10 неверојатни, но вистинити факти за среќата

10 НЕВЕРОЈАТНИ, НО ВИСТИНСКИ ФАКТИ ЗА СРЕЌАТА

За некои луѓе, среќата е прилично едноставен поим. Таа значи да се чувствуваш добро, но, како што покажуваат истражувањата, не е сè така едноставно. Постојат бројни начини на кои луѓето ја доживуваат оваа емоција.

Среќата е многу покомплексен концепт отколку што тоа го наведуваат книгите за само-помош – полн е со изненадувања. Постојат навистина неочекувани нешта што ни носат радост, а ние денес ви ги претставуваме 10 неверојатни факти за тоа што навистина значи да се биде среќен.

1. СЛОБОДАТА Е ПОЗНАЧАЕН ФАКТОР ЗА СРЕЌА ОД ПАРИТЕ

Како што вели народната поговорка – парите не носат среќа. Нобеловецот Амартија Сен открил дека општествата каде граѓаните имаат повеќе слобода и независност, имаат и поголемо задоволство од животот. Тој заклучува дека дозволувањето на луѓето да живеат онака како што сакаат, почесто води кон среќа отколку зголемување на приходите.

2. СРЕЌАТА СЕ ЗГОЛЕМУВА СО ГОДИНИТЕ

Постои голема веројатност вашиот степен на среќа да расте со секоја нова свеќичка на тортата. Студија од Универзитетот Алберта ја следела среќата на учесниците цели 25 години. Истражувачите заклучиле дека генерално луѓето стануваат посреќни како што стареат.

3. НЕКОИ КУЛТУРИ НЕ ЈА ГЛЕДААТ СРЕЌАТА КАКО НЕШТО ПОЗИТИВНО

Иако на Запад, среќата е високо вреднувана, тоа не важи за сите култури. Истражувања покажуваат дека во некои земји, како Јапонија, Германија и земјите од Блискиот Исток, постои негативен однос кон среќата. Причините за тоа се различни, како на пример:

– Ако си среќен, ќе ти се случи нешто лошо
– Среќата те прави полош човек
– Изразување среќа е штетно за тебе и околината
– Потрагата по среќа е штетна

4. ТЕЛЕФОНСКИТЕ РАЗГОВОРИ СЕ ПОДОБРИ ОД ПОРАКИТЕ ЗА ЧУВСТВОТО НА СРЕЌА

Во контекст на врските на далечина, зборувањето преку телефон или камера носи поголема емоционална блискост. Истражувањата покажале дека луѓето кои комуницираат гласовно се чувствуваат поисполнето, за разлика од оние што користат само пораки, кои не ја доживуваат истата блискост.

5. СВЕТЛИНАТА ИМА ГОЛЕМ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ СРЕЌАТА

Во книгата на Алекс Палмер „Happiness Hacks“, се вели: „Чувствуваш тага? Запали светло!“ Истражувачи нашле поврзаност помеѓу безнадежност и осветленост на просторијата. Кога учесниците ги оценувале собите како темни, чувствувале поголема безнадежност. Напротив, светлите простории предизвикувале чувство на олеснување и радост.

6. ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ НÉ ПРАВАТ ПОСРЕЌНИ

Очигледно е – милениците нè прават посреќни. Но, не е важно дали имате куче или мачка. Професорот по психологија на Универзитетот во Мајами изјавил дека разликата не е во видот на миленичето, туку во тоа колку нему му припишуваме човечки карактеристики. Ако во вашата игуана гледате емпатија, таа ќе ви користи исто како и лабрадор. Сè е во начинот на доживување.

7. СРЕЌАТА Е ЗАРАЗНА

Окружувањето со среќни луѓе го зголемува и нашето чувство на среќа. Истражување на повеќе од 4.700 жители на Масачусетс покажало дека среќните луѓе формираат групи и дека среќата се шири. Веројатноста да бидете среќни се зголемува за 15,3% доколку сте блиски со некој среќен член од семејството или пријател.

8. НАЈСРЕЌНИТЕ ЗЕМЈИ ЧЕСТО ИМААТ ВИСОКИ СТАПКИ НА САМОУБИСТВА

Интересен и контроверзен факт: земји кои често се на листите како едни од најсреќните, истовремено имаат и високи стапки на самоубиства. Ова може да укажува на различни фактори влијание како социјален притисок, скриена депресија, или културни специфики поврзани со перцепцијата на среќа.

9. И ЛОШИТЕ ДЕНОВИ МОЖАТ ДА ИМАТ ПОЗИТИВЕН ЕФЕКТ

Иако не делуваат така во моментот, лошите денови можат долгорочно да придонесат за нашата среќа. Истражувачите утврдиле дека луѓе кои доживуваат истовремено и тага и радост, често имаат подобро ментално здравје низ време.

10. СИЛНАТА СРЕЌА МОЖЕ ДА ГО НАМАЛИ КРЕАТИВНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ

Истражувања поврзани со среќата покажале дека умерена среќа позитивно влијае на креативното размислување. Но, кога станува збор за многу високи нивоа на среќа, таа може да го намали креативниот порив во споредба со оние што се чувствуваат помалку еуфорично.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Бијонсе и Џеј-Зи размислуваат да го тужат Кање Вест поради скандалозни изјави за нивните деца

БИЈОНСЕ И ЏЕЈ-ЗИ РАЗГЛЕДУВААТ ТУЖБА ПРОТИВ КАНЈЕ ВЕСТ ПОРАДИ СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗЈАВИ ЗА НИВНИ…