10 милиони луѓе во САД останаа без работа во последниве две недели


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Соединетите Американски Држави се во лоша ситуација заради пандемијата на коронавиурост, каде бројката на заразени се очекува на надмине 250.000. Дополнителен и огромен проблем во сето ова црно сценарио е безработицата откако за само две недели без работа останаа 10 милиони луѓе.

Бројот на луѓето кои останаа без работа оваа недела надмина 6.6 милиони, што е двојно повеќе во однос на минатата недела кога работата ја загубија 3.3 милиони лица, според податоците на надлежните институции.

Речиси 10 милиони Американци во овие две недели се пријавиле за помош за невработени што е најголем број во новата историја. Иако, според некои статистички проценки и проекции, оваа бројка е многу поголема од тие 10 милиони.

Според Џош Липски од независниот истражувачки центар во Вашингтон, американската економија се движеше со најголема брзина, а одеднаш се намали и милиони работници останаа без работа.