Home Шоубизнис 10 метри квадратни – толку ви се потребни за шумска зимска идила

10 метри квадратни – толку ви се потребни за шумска зимска идила

Во еден канадски шумски предел е изградена колибата Micro Cabin, која има површина од само 10 метри квадратни.

Колибата, дело на студиото Larocque Elder Architects, претставува совршено место за одмор, размислување и креативни активности, далеку од вревета на модерниот свет.

Куќарката не е поврзана на електродистрибутивниот систем и единственото осветлување во неа е природното, а за греење користи печка на дрва. Колибата е изградена од темно дрво со што таа е во целосен контраст со нејзиното опкружување во текот на зимските снежни месеци.

За максимално искористување на целата површина на колибата, просторот за спиење е сместен над делот за дневен престој. Иако мала, оваа колиба нуди се што е неопходно за заштита од студеното време, дождот, снегот и ветерот и за уживање во топлина и мир.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …