10 и 500 денари – први банкноти со новото име на државата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од јануари, 2020 година, за граѓаните на Република Северна Македонија од страна на НБРСМ ќе бидат пуштени во оптек првите банкноти со новото име од државата – банкнотите од 10 и 500 денари. Ова за јавноста го потврди гувернерката Анита Ангеловска Бежоска.

„Парите ќе се повлекуваат и ќе се пуштаат во оптек во согласност со природниот циклус и потребите. Очекуваме првите банкноти да излезат на почетокот од следната година. Ова е подолг процес, но ние веќе имаме распишано два тендера и очекуваме таа постапка да биде реализирана во согласност со нашите проекции“, рече Ангеловска Бежоска.

На прес конференцијата на која гувернерката ги презентираше новите макроекономски проекции, соопшти и дека новите книжни пари нема да бидат двојазични но дека за тоа ќе има дополнителни консултации согласно законската и уставната рамка.