10 филмови во кои секс сцените се толку жешки што завршија во категоријата „18+“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако луѓето се сексаат откако е светов и веков, филмските секс сцени и понатаму предизвикуваат моќно соблазнуваат. Hollywood разработи цел систем за класифицирање на филмовите со секс сцени, а овие од листата подолу поминаа најлошо. Се најдоа во категоријата NC-17, што значи дека се апсолутно забранети аз сите лица со 17 и помалку години.

Листата на холивудски хитови кои смеете да ги гледате само ако сте 18+ ја состави американското издание на Marie Clair.

The Dreamers

Романтичната драма во режија на Бернардо Бертолучи со Ева Грин е полн со секс сцени. Некои се секси, а некои чудни со оглед на тоа дека филмот го следи односот на братот и сестрата со нивниот заеднички пријател. Иако ознаката NC-17 обично е факторот кој му пресудува на филмот, на ова филмско остварување му направи услуга и го направи уште попривлечен.

Eyes Wide Shut


Филмот доби NC-17 ознака, но откако со монтажа беа исечени спорните сцени, сепак, категоризацијата му беше ублажена. Станува збор за последното ремек дело на маестро Стенли Кјубрик.

Blue Valentine


Му се случи истото како и на претходниот Eyes Wide Shut. Сцената која беше проблематична е онаа во која Рајан Гослинг орално ја задоволува Мишел Вилијамс.

„Во филмовите има еден куп орален секс, а кога жената го задоволува мажот, тоа е поблага категорија. Но, кај нас е обратно и ние одеднаш сме порнографски филм. Black Swan има сцена со орален секс меѓу две девојки и тоа е категорија R, но ние имаме сцена со орален секс меѓу маж и жена и тоа е NC-17“, се бунеше Гослинг.

Showgirls


Многу сцени има поради кои овој филм заврши во NC-17 категоријата, а една од нив е злогласната сцена во базенот.

Lust, Caution


Еротскиот трилер на Анг Ли е еден од NC-17 филмовите кој има најголема заработка, а содржи секс сцена за која режисерот Ли грчевито се бореше.

„Мислам дека во Америка се премногу толерантни кон насилството, а со категоријата NC-17 филмовите ги изедначуваат со порнографија и треш. Мислам дека тоа треба да се среди“, изјави режисерот.

Henry & June


Филмот ја следи врската меѓу Анаис Нин, Хенри Милер и неговата жена Џун. За малку ќе добиеше порнографска озната, но на крајот цензорите се смилуваа.

Shame


Филмот ја следи приказната на еден зависник од секс и мастурбирање, а интимните сцени и целосно голиот Мајкл Фасбендер му обезбедија ознака NC-17.

In the Realm of the Senses


Филмот е базиран на вистинитата приказна за Саде Абе, Јапонка која го задушила својот љубовник, му го отсекла пенисот и го спакувала во својата торба. Секс сцените не се симулирани, што значи дека актерите реално се впуштаат во секс акција.

Blue is the Warmest Color


Иако во филмот за секс сцените се користени реквизити, филмската приказна за лезбијската врска заврши со ознака NC-17.

Y tu mamá también


Филмот поради кој Диего Луна и Гаел Гарсија Бернал станаа ѕвезди најпрвин требаше да биде со префикс NC-17, но цензорите од некоја причина се смилуваа при категоризирањето. И покрај жешката сцена во која главните ликови се сексаат во тројка со девојката која патува со нив, филмот куртули од непријатната категоризација.