Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проектот „Tulsa Remote“, во рамки на новата инвестиција која градот Талса, во сојузната држава Оклахома, ја презема за економско и општествено дополнително заживување на местото, нуди 10.000 долари и уште неколку финансиско-станбени бенефиции за оние кои ќе решат да се преселат, да живеат и да работат таму.
„Tulsa Remote” е едногодишна програма за развој која како проект е иницирана од фондацијата на семејството Џорџ Кајзер со намера во градот да доведат претприемачи кои се заинтересирани додатно да ја развиваат својата работа во овој град.
Секој кој ќе одлучи да се пресели во Талса ќе добие 10.000 долари во годината, прво 2.500 долари за трошоци за надомест, и по 500 долари месечно до последните 1.500 долари на крајот на 12-тиот месец.
Тие кои ќе поминат на конкурсот ќе живеат во нов опремен стан со 33 отсто попуст на комуналиите.