1.850 коњски сили, максимални 500 км/час: Таму каде што Chiron „снеможува“, стапува на сцена Bolide


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Перформансите на новиот Bolide од производителот на луксузни супер-спортски автомобили Bugatti почнуваат со извонредната моќност од 1850 КС при 1240 кг маса.

Не треба многу да се размислува за да се сумира за каков тркачки автомобил станува збор. Ова е експериментална студија во која Bugatti сакал да види каде можат да се испробаат со крајно екстремен пристап, односно минимизирана тежина со максимална моќност од 8,0 W16 мотор. Како што вели првиот човек на Bugatti, Стефан Винкелман, Bolide„има само четири тркала, мотор, менувач, волан и единствено луксузни двете седишта“. 3Д-печатењето било клучно, како и примената на ултра лесни материјали. Најголемиот дел од автомобилот е направен од карбон, додека остатокот е изработен во легура на титаниум и разни композити.

Моторот сега е наместен на 1850 КС и 1850 Нм. И кога ќе ја ставиме масата од 1240 кг на другата страна на равенката, јасно е дека перформансите на Bolide стануваат како оние на Ф1 болидите. Од една страна, може да помине над 500 км на час, а до 300 км на час да достигне за 7,37 секунди.

Bugatti вели дека Bolide достигнува 100 км на час за 2,17 секунди, а 200 км на час за 4,36 секунди. И тука продолжува во истиот ритам, така што е на 300 км на час по 7,37 секунди, додека до 400 км на час за само 12,08 секунди од старт. И, конечно, ќе достигне 500 км на час по 20,16 секунди.

Теоретските пресметки на Bugatti не застануваат тука. Така тие велат дека нивниот болид е подготвен да издржи странично забрзување од 2,8 G, за да го комплетира кругот на Ле Ман за 3: 07,1 мин. Патеката на Нирбургринг овој автомобил, ако воопшто можеме да го наречеме така, ја минува за неверојатни 5: 23,1 мин.

И сега она што е важно. Bugatti сè уште нема решено дали ќе го произведува „Bolide“. Фактот што е дизајниран во согласност со безбедносните стандарди на ФИА кажува многу, веројатно ќе го видиме во конкуренција. Исто така, со оглед на вложениот напор, сè освен ограничена серија би било лудо. Значи, да очекуваме уште еднаш некоја главна титула за Bugatti. И секако, веројатно епитетот најскап автомобил на светот.