Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со одлука донесена на вчерашната седница, Владата ќе му додели парична награда од 1,2 милиони денари на олимпискиот вицешампион во теквондо Дејан Георгиевски, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600 илјади денари. Дополнително, освојувачот на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио ќе добие 600 илјади денари од Агенцијата за млади спорт, соопштија од Владата.
Георгиевски вчера стана олимписки вицешампион во теквондо во категоријата до 80 килограми. Тој се закити со сребро откако во финалето изгуби со 15:9 од Русинот Владислав Ларин, најдоброрангираниот натпреварувач на турнирот. Ова е прв олимписки медал за Македонија по пауза од 21 година.
На патот до финалето, Георгиевски денеска ги совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба со 11:8, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4 и Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.
Георгиевски, кој е член на теквондо клубот Бутел, во кариерата има освоено злато и сребро на европските првенства, а нормата за Токио ја избори на квалификацискиот турнир во Софија.