1.500 пара чизми донација од Словачка за македонската полиција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Амбасадорот на Словачката Република Н.Е. Мартин Безак денеска на министерот Оливер Спасовски му врачи донација од Владата на Словачката Република за Министерството за внатрешни работи од 1500 пара специјални чизми. Обувките се наменети за организациските единици при Министерството задолжени за заштита на државната граница, а целата донација е во вредност од 113.000 евра.

Партнерството меѓу министерствата од двете земји беше интензивирано во изминатиот период со присуството на словачки полициски службеници на територијата на Република Македонија за поуспешен надзор и контрола на државната граница кон Грција.

До сега над 200 словачки полицајци учествуваа заедно со македонските полицајци во обезбедувањето на јужната македонска граница. Наскоро ќе пристигне и 10-иот контингент на словачки полициски службеници. Во екот на мигрантската криза словачките железници им обезбедија на македонските железници и осум патнички вагони за транспорт на мигранти.