Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
УНИВЕФ алармира дека околу 1,5 милион деца ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија, а повеќе од 500 сами ја преминале границата и се изложени на висок ризик од трговија со луѓе.
„Војната во Украина води до масовно раселување и услови кои би можеле да доведат до значително зголемување на трговијата со луѓе“, рече Афшан Кан, регионален директор на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија.
„Раселените деца се исклучително ранливи на одвојување од нивните семејства, експлоатација и трговија со луѓе“, продолжи Кан. „Владите во регионот треба да воведат и да ги засилат мерките за нивната безбедност“, додаде тој.
Помеѓу 24 февруари и 7 март, УНИЦЕФ објави дека идентификувал повеќе од 500 деца без придружба кои преминале од Украина во Романија. Вкупниот број на деца без придружба што се прелеваат преку соседните граници веројатно ќе биде многу поголем, се додава во соопштението.
За да се зголеми заштитата, ОН и партнерите од граѓанското општество формираа информативни центри во соседните земји како Полска, обележани како Сини точки за обезбедување на основни услуги за семејствата.
УНИЦЕФ, исто така, ги повикува соседните влади да ги зголемат мерките за заштита на децата на границите и во клучните области, како што се железничките станици, низ кои минуваат бегалците.
„Покрај тоа, ги повикува владите да ја подобрат соработката меѓу граничната контрола, органите за спроведување на законот и органите за заштита на децата и брзо да ги идентификуваат разделените деца, да спроведат процедури за пребарување и обединување на семејствата со децата“, се наведува во соопштението.