Home Актуелно 1.347 нови случаи на КОВИД-19 регистрирани во последните 24 часа

1.347 нови случаи на КОВИД-19 регистрирани во последните 24 часа

Според официјалната статистика која ја соопшти Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1.347 нови случаи на КОВИД-19 по градови поделени вака: Скопје – 643, Куманово – 90, Прилеп – 85, Велес – 61, Охрид – 56, Битола – 50, Кавадарци – 47, Тетово – 40, Гостивар – 35, Гевгелија – 34, Штип – 30, Струмица – 25, Неготино – 19, Кочани – 15, Кичево – 13, Радовиш – 12, Пробиштип –8, Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово – по 7, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод – по 6, Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево и Пехчево – по 3, Кратово – 2.соопшти Министерството за здравство. Тоа значи дека заразени се 33 отсто од вкупниот број на тестирања.

Регистрирани се 451 оздравени пациенти од: Скопје – 245, Прилеп – 40, Кавадарци – 23, Гевгелија – 19, Штип – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Тетово и Велес – по 11, Гостивар и Струмица – по 10, Куманово – 9, Битола – 7, Демир Капија – 5, Берово – 4, Пробиштип и Богданци – по 3, Кратово – 2, Ресен, Дебар, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Направени се 4.096 тестови преку: ИЈЗ-941, ЦЈЗ Скопје-116, ЦЈЗ Битола-116, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-13, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија – 74, Жан Митрев (Филип Втори)-221, Авицена-329, Биотек-334, Систина-255, лабораторија Лаор–219, Синлаб-97, Ремедика-42, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1355.

Досега во земјата се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652, на починати е 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…