Музика

„Ѕвона“ – новата песна со спот на Каролина Гочева


Во очи новогодишните празници Каролина Гочева ја почести македонската публика со својата нова песна „Ѕвона“ – нов сингл од претстојниот албум, кој треба да излезе кон средината на февруари 2018-та година.

Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, додека спотот е во режија на Огнен Шапковски – Мелем Продукција.

„Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме“, вели Каролина.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top