Ѕвездата на Реал се побуни: Ако не играм си одам!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има многу проблеми внатре во својот тим, па според пишувањето на шпанските медиуми Французинот повикал еден играч на хитен состанок.

Имено, Иско никако да добие место во стартниот тим на „кралевите“ и не го крие своето незадоволство од статусот кој го има.

Наводно, тој очекувал да игра многу позначајна улога на турнејата на Реал во САД, па дури и да биде стартер против Барселона, но тоа не се случи.

Не е тајна дека Иско сака да го напушти Реал доколку не се промени неговиот статус, а гласините во медиумите велат дека тој може да направи „предавство“ и да премине во редовите на Барселона.

Иско на состанокот со Зидан бил многу јасен: „Ако не играм си одам“, а ваквата ситуација во моментов највнимателно ја следи Манчестер Сит кој исто така е заинтересиран за Шпанецот.

Гвардиола нема да штеди пари за да го донесе Иско на „Етихад“, па останува да видиме што ќе се случи до крајот на преодниот рок.