Ѕвездата е родена: 16-годишниот Пелегри ги сруши сите рекорди во Серија А


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младиот напаѓач на Џенова, Пјерто Пелегри има само 16 години и минатата сезона стана најмладиот стрелец во историјата на Серија А, а оваа сезона продолжува да постигнува голови и да руши рекорди.

Синоќа Пелегри постигна два гола против Лацио, и така стана првиот фудбалер роден во 21.век кој постигнал два гол на еден натпревар во Сериај А.

Неговиот подвиг од клупата го следеше и неговиот татко, кој е тим менаџер во Џенова, па не можеше да ги скрие емоциите и камерите го уловија како ги брише солзите од своето лице.

Пелегри е вистински „бисер“ на италијанскиот фудбал и за него буквално се „тепаат“ најголемите италијански клубови. Милан, Интер и Јувентус веќе имаа обиди да го ангажираат, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.