Зошто облакодерите во Хонг Конг имаат дупки на средина?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ако некогаш сте го посетиле Хонг Конг, сигурно една од работит што брзо сте ги воочиле е дека просторот во овој град е вистинска привилегија. Големи гужви владеат на секој чекор, на улиците, по тротоарите, продавниците. А густо збиените облакодери со доста мали станови претставуваат дом на поголем дел од населението.

Еден панорамски поглед на градот открива дека голем број од овие високи згради се градени со голема дупка на средината. Поради тоа, логично е да се запрашата зошто градот кој е еден од најгусто населените на светот би си дозволи такво арчење на простор кој ионака му недостасува?

Одговорот лежи во древната кинеска техника фенг шуи. Овие дупки се нарекуваат „змејови порти“, кои според фенг шуи, им овозможуваат на змејовите од планините да долетаат до реката.

Се верува дека змејовите носат добра среќа, а доколку се блокира енергетскиот премин, тоа би можело да доведе до бројни лоши работи.

Една од компаниите во близина на Кинеската банка, за својот банкрот го обвинила лошиот фенг шуи. Имено, на зградата од Кинеската банка нема никаков „премин за змејови“, факт кој споменатата компанија го обвинила како причина за нивниот банкрот.

Многу големи кинески корпорации, при изградбата на своите деловни простории, одвојуваат одредена сума пари за консултација на фенг шуи експерти.