Зошто Мбапе не игра? Еве го одговорот од Монако!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Килијан Мбапе не е повикан за вечерашниот натпревар на Монако против Мец, а француските медиуми тврдат дека клубот од „кнежевството“ го казнува фудбалерот бидејќи „флертува“ со ПСЖ.

Тренерот Леонардо Жардим го држеше на клупа против Дижон, а сега Мбапе не е ни меѓи 18-те фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за натпреварот со Мец во третото коло од Лига 1.

Тоа додатно ги засили шпекулациите за негов трансфер во ПСЖ, а тренерот на Монако тврди дека со тоа само сака да го заштите Мбапе.

„Никогаш не ги казнуваме нашите играчи, подобро е да се каже дека ги штитиме. Наша одговорност е да заштитиме 18-годишно момче околу кое се случуваат сите овие работи“, изјави Жардим.

„Килијан не е 100% спремен. Не е во најдобра форма, но тоа се очекува од толку млад играч. И на вас новинарите ќе ви биде тешко да пишувате ако немој друг медиум ви понуди 15 пати поголема плата“, заклучи Жардим.

ПСЖ на Мбапе му понуди годишна плата од 18 милиони евра, но „светците“ сеуште не можат да најдат заеднички јазик со Монако околу обештетувањето.