Зошто Французите не се здебелуваат – еве што вели истражувањето на CREDOS


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Французите се на широко познати по неколку работи – храната, модниот стил кој го запазуваат во секој аспект на живеењето и одличниот физички изглед.

На прашањето зошто Французите многу помалку имаат проблем со дебелеење, за разлика од Американците и Германците, одговорот го дава студијата на Центарот за истражување на животниот стил CREDOC.

Истражувањето покажа дека тајната е во редовните оброци со семејството, кои го намалуваат ризикот од дебелеење.

Вкупно 90 отсто од калориите француски жени и мажи ги внесуваат за време на главните оброци, а само 10 проценти од ужинките меѓу оброците.Во САД, над 20 отсто од калориите се внесуваат надвор од појадокот, ручекот и вечерата.

Дебелите луѓе во Франција се само 15 проценти, додека во САД 27 проценти. Во Франција,храната е дел од социјалниот живот, се ужива во неа и се цени квалитетот, но за Американците, тоа е повеќе техничка активност, наведува Институтот.