Зошто Џим Кери го избриша Фејсбук профилот?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актерот Џим Кери одлучи да го избрише својот Фејсбук профил од политички причинин кои, како што вели, беа доволно силна побуда за да „си замине“ од таа социјална платформа.

Кери смета дека компанијата не работи доволно на запирање на странските мешања во изборите. Веста дека планира да го избриши својот Фејсбук профил актерот ја објави на Твитер. Кери напиша дека ќе го избрише профилот поради неговата загриженост дека компанијата профитирала од руското мешање во американските избори во 2016 година и уште не работи доволно посветено за да го запре тоа.

„Апелирам до сите други инвеститори кои се грижат за нашата иднина да го сторат истото“, напиша славниот актер и комичар со хаштаг #unfriendfacebook.

Се проценува дека 150 милиони Американци ги виделе руските дезинформации на Фејсбук и Инстаграм во периодот на изборите 2016 година.

Кери не објави колку акции поседува во Фејсбук, а неговиот профил беше избришан во средата.

„Америка долго уживаше географска предност во светот, со океаните кои ја штитат. Социјалните медиуми сега создадоа кибернетички мостови кои ги преминуваат оние кои не работат во наш интерес, а ние го дозволуваме тоа. Ниту еден ѕид нема да не заштити од тоа“, изјави Кери за CNBC.