Славни

Зоне Замфирско конечно ја призна врската со славниот холивудски актер


Актерката Катарина Радивојевиќ ги изненади медиумите и јавноста со изјавата дека била во врска со славниот холивудски актер и заводник Бенисио дел Торо, но раскинала бидејќи тој не бил подготвен за нешто посериозно.

„Моето правило гласи дека својот интимен живот го чувам за себе и тоа засекогаш ќе остане така. Во прашање беше голема љубов од моја страна. Впрочем јас во љубовта давам сè од себе. Она што и ден денес го посакувам е нормално, здраво и потполно семејство. Не сакам однос со компромиси. Знаев што сакав во тој момент и сакав комплетна приказна, сè или ништо. Кога сфатив дека тоа е невозможно, продолжив понатаму“, открива Катарина.

Заљубената актерката ја напушти Србија, токму поради Бенисио, но ниту тоа не беше доволно за да Дел Торо повеќе да и се посвети на нивната врска.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top