Знаци кои покажуваат дека фраерот ви го троши времето!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Секогаш го чекаш да се изјасни, да одговори на порака, да одлучи дали е расположен да се видите ..

Трошењето на време не е секогаш лоша работа, понекогаш е убаво само да уживате и да не правите ништо, но кога зборуваме за фраери кои ви го трошат времето не е баш сеедно.

Комплицира околу состанокот
Денес не може бидејќи има работа, за утре не е сигурно, можеби задутро, но ќе знае тек следната недела.. Работата е многу едноставна или сака да те виде или ќе пронајде причина да не те виде.

Секогаш го чекаш
Да се изјасни, да одговори на порака, да одлучи дали сака да се видите.. Фраерот кој е навистина заинтересиран за вас, сигурно нема да ве пушти да чекате.

Се бори за твоето внимание само кога е критично
Неговите комплименти се ретки, а навредите се честа појава. Тоа е само фраер кој тебе те спушта за да се воздигне себе си и дефинитивно ти го дроши времето.

Зборува дека не е спремен за врска
Што е веројатно и вистина бидејќи не е спремен за врска со тебе, но сеедно не те пушта да продолжиш понатаму. Него тоа не му претставува проблеми бидејќи знае дека може да замине кога ќе посака, а тебе може да ти го скрши срцето.