Знаете ли за што служи овој, денес неупотребли, додаток на задниот дел од кошулите?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Речиси секоја кошула на грбот, малку под јаката, има мала платнена „кукачка“ во тон и боја на самата кошула, кој денес е целосно бескорисна. Никој не ја користи за закачување бидејќи сите кошули денес ги чуваме на закачалки или во „најлош“ случај, на иста таква „кукачка“, но од внатрешната страна на кошулата.

Станува збор за „остаток“ кој без никаква потребна и цел се задржал до денешен ден на голем број од модели на кошули, но во времето кога бил додаден на кошулите имал важна улога. Поточно, три важни улоги: логично, служел за закачување на кошулите уште кога на луѓето закачалките не им биле вообичаена појава во ормарите. Особено им бил важен на морнарите, но и на сите други, а се вели дека кошулата помалку се гужва и се оштетува ако ја обесувате на таа „кукачка“ отколку на внатрешната. Секако, денес и двата начини се речиси исфрлени од употреба, а ги заминуваат веќе неодминливите закачалки.

Според некои извори, овој додаток на грбот служел во времето кога се носеле околувратници кои можеле да се симнуваат од вратот, а додатокот се користел за прицврстување на марами, кравати и слични украси.

Третата, и веројатно најромантична улога на оваа „кукачка“, е поврзана со љубовниот живот. Пред појавата на социјалните мрежи, преку овој додаток на кошулата, студентите во САД на сите можеле да им дадат до знаење дали се во врска или се слободни. Оние кои се во врска намерно го отсекувале овој додаток од кошулите, а понекогаш тоа го правеле и девојките на кошулите од момците, со цел да им покажат дека им се допаѓаат и сакаат врска со нив. Оваа пракса била особено популарна во ’70-те години од минатиот век.