Актуелно

Знаете ли кој е најмоќниот пасош во светот?


Најновиот извештај на конуслтанската компанија Nomad Capitalist, шведскиот пасош е најмоќен во светот. Пасошите се рангирани според безвизниот режим, меѓународните даноци и граѓанските слободи.

Имате бесплатно здравствено осигурување и школување на факултет, потоа платен годишен одмор и најдолг животен век во Европа. Тогаш како што пишува во извештајот на Nomad Capitalist вие имате среќа да поседувате шведско државјанство и да го имате најмоќниот пасош во светот.

Според истражувањето оној кој поседува шведски пасош може без виза да посети 176 земји во светот и има можност да работи во странство без притоа да плаќа данок дома. Исто така оваа земја ги доби највисоките оценки во врска со личните слободи, слободата на медиумите.

Од 199 земји колку што се анализирани во истражувањето на Nomad Capitalist, Шведска е на првото место, а меѓу првите десет се Белгија, Италија, Шпанија, Ирска, Финска, Германија, Данска, Швајцарија, Луксембург.

Интересно Велика Британија е на 16-то место, а САД не се ниту меѓу првите 30 (35 место).

Според ова истражување Македонија е на 76то место заедно со Црна Гора, а од земјите од регионот најдобро котира Словенија (35то место исто како и САД), Хрватска (49), Србија (73), Босна и Херцеговина (85), Косово (184).


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top