Златната олимпијка: Ме пофаќаше и ме сликаше гола, стравував дека ќе ме објави на педофилски страници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гимнастичарката МекКајла Мерони, во октомври, преку социјалните мрежи објави потресно писмо во кое го обвини за сексуална злоупотреба лекарот на американската гимнастичарска репрезентација, Лери Насар.

Во писмото таа открива дека лекарот ја злоупотребувал кога имала само 13 години.

„Ми рече дека станува збор за нужен медицински третман кој тој го практикува над триесет години. Почна кога имав 13 години, во еден тренинг камп, а не престана додека не се откажав од спортот. На третманот ме подложуваше кога и да му се пружеше шанса. Најстрашната ноќ во мојот живот се случи кога имав 15 години. Цел тим патувавме за Токио, а тој ми даде таблети за спиење за време на летот. Кога се разбудив, бев сама со него во неговата хотелска соба. Мислев дека ќе умрам“, напиша таа.

Таа сега поднесе тужба против Американскиот гимнастичарски сојуз, во која го обвинува дека тие знаеле за сето тоа. Наместо да го казнат лекарот, ја наговориле МекКајла да потпише договор за молчење и ја исплатиле со 1,25 милиони долари обештетување, известува Wall Street Journal. Иако спортистката со писмото во октомври го прекршила тој договор, нејзиниот адвокат Џон Менли тврди дека договорот е противзаконски бидејќи станува збор за злоупотреба на малолетно лице.

Лекарот го обвинуваат на 140 лица

Насар неодамна призна дека обвинувањата се вистините, но освен него, за злупотреба се обвинети над 50 тренери. Се проценува дека тој сексуално злоупотребувал над 140 спортистки.

МекКајла раскажа дека лекарот ја пофаќал и ја фотографирал гола, тврдејќи дека тоа е дел од прегледот.

„Имаше само 15 години, ми рече дека има чувство дека ќе умре“, раскажува нејзината мајка и додава дека нејзината ќерка често се грижела дали лекарот ќе ги објави нејзините фотографии на педофилските интернет сајтови и со кој сè ги има споделено.

„Ми ставаше прсти во вагината и ми велеше дека тоа ќе ми помогне со болкките во грбот и колковите“, раскажува една друга гимнастичарка, Џејми Даншер.

Слични обвинувања изнесоа уште две гимнастичарки, Џенет Антолин и Џесика Хауард. Денес 30-годишната Лариса Бојс го обвини Насер за сексуална злоупотреба уште во 1997 година, но тогаш никој не поверува во нејзините

***