Ѕиркаат од под кошулата: Викторија Бекам без градник се рашета низ Њујорк


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На крилата од триумфот на својата последна колекција, Викторија Бекам се рашета низ Њујорк облечена во лежерно модно издание.

Намерно или не, бившата „спајсица“ при таа прошетка покажа малку повеќе „провокативен материјал“, со оглед на фактот дека очигледно не носеше градник под црвената кошула.

Веројатно во Њујорк беше малку посвежо отколку што таа очекуваше, па нејзините гради „не седеа мирни“, туку почнаа да реагираат на дразбата од временските прилики.

На нејзината њујоршка ревија во рамки на Модната недела во Њујорк ја дружеа сопругот Дејвид и синот Бруклин. Тогаш многумина беа изненадени од младешкиот изглед на 43-годишниот бивш фудбалски ас, па се шушкаше дека вбризгувал ботокс, но тој тие гласини ги демантираше.

Од друга страна, Викторија оваа година призна дека зажалила што вметнала силикони во своите гради, а на жените им порача дека треба да се гордеат со телото кое го поседуваат.