Зидан: Веќе е завршена дилемата за „Златната топка“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека е убеден дека Кристиано Роналдо ќе ја освои „Златната топка“ и дека сите дилеми се завршени.

Роналдо синоќа со хет-трик му донесе победа на Реал Мадрид во градското дерби, а според Зидан со тоа Португaлецот ставил точка на дилемата околу „Златната топка“.

„Никогаш не се сомневав во тоа дека Роналдо е најдобар, но синоќа ја затвори дебатата за тоа кој треба да ја добие „Златната топка“. Со својот брилјантен настап уште еднаш покажа дека е најдобар“, заклучи Зидан.