Зидан: Не загубивме поради новата формација!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид во шокантна завршница беше поразен на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“ и стави крај на серијата на непоразеност од 40 последователни натпревари.

„Мотивирани сме да продолжиме понатаму. Ќе биде тешко да се задржи ваква форма до крајот на сезоната. Штета што примивме два гола во последните пет минути, но мораме да го прифатиме тоа. Ми се допадна начинот на кој што игравме и карактерот кој некои играчи го покажаа. Вистина е дека се работеше за загубени топки и грешки, но јас сум горд на овие 40 натпревари без пораз. Не се работеше за пад на концентрација, туку такви работи во фудбалот се случуваат. Сега ни преостанува да се одмориме и да мислиме на следниот натпревар. Ќе ги анализираме работите и ќе се обидеме истите да ги подобриме“, изјави Зидан.

Зизу потенцираше дека најважно во овој момент е да се научи од грешките, а исто така им одговори на новинарите кои го запрашаа зошто се одлучи за тактиката 3-5-2.

„Мислев дека тоа е правилната одлука. Морав да го променам системот, трите меча во 10 дена ме принудија на тоа. Задоволен сум од тоа како функциониравме, но не гледам дека грешките дојдоа поради смената на системот. Примивме гол по еден прекин и една грешка. Игравме одлично 85 минути, па затоа треба да научиме од овој пораз. Горд сум на тоа што го направивме на претходните 40 натпревари, сега треба малку да одмориме и да продолжиме понатаму“, заклучи Французинот.