Зидан: Бензема знае дека може многу повеќе!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на пресконференцијата говореше за многу критикувалниот оваа сезона Карим Бензема.

Францускиот напаѓач не е во добра форма, има постигнато само еден гол во првенството, а одредени медиуми тврдат дека е во лоши односи со тренерот и соиграчите.

Карим најмногу од сите сака да дава голови. И тој самиот знае дека може многу повеќе од ова“, изјави Зидан.

„Мојата работа е да му помогнам на сите, не само него. Тимот е многу силен, но едноставно имаме недостаток на самодоверба пред голот. Треба да дадеме еден-два и се ќе се среди. Се надевам дека брзо ќе ја прекинеме лошата серија“, додаде Зизу, а потоа прговори за гостувањето во Никозија.

„Тимот е во одлична состојба. Имаме потреба од три бода и сме многу амбициозни, како и до сега. Ние сме Реал Мадрид и секогаш се бара повеќе од нас. Јасно ни е колку е тоа тешко, но веќе сме навикнати на критики“, заклучи Зидан.